„Јавна соба“ избришана, ама се појавила уште една слична група

618

Од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ме информираа дека групата „Јавна соба“ е затворена, информира вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со објава преку својот Фејсбук-профил.

„Го поздравувам ваквиот чекор на платформата Телеграм и порачувам дека оние што го прекршиле законот ќе бидат казнети бидејќи ние целосно ги документираме случаите. Истовремено, апелирам за внимателност, бидејќи на платформата Телеграм има и друга слична група и ние соодветно ќе постапиме и за членовите на оваа група“, напиша Спасовски.






Тој посочува дека сите што го кршат законот соодветно ќе одговараат.

Поврзани содржини