Кочо Анѓушев денеска на состанок со фудбалерите им соопштил дека се повлекува од фудбалскиот клуб „Борец“, објави СпортМедиа.
Анѓушев и неговата компанија „Брако“ беа главни спонзори на овој клуб. „Брако“ беше и мнозински акционер во клубот, чија судбина е неизвесна.
Како што е најавено, клубот ќе ги ослободи сите фудбалери кои се со професионален договор со ФК „Борец“ и тие ќе можат да бараат други ангажмани.
Анѓушев се пожали на неправди кои му биле нанесувани на ФК „Борец“ од страна на менаџментот поради кои клубот почнал да реди неуспеси.