Познатата холивудска актерка Анџелина Џоли (45) со своите ќерки Захара и Вивиен се упатила на шопинг во Лос Анџелес, па дури ниту под маска не можела да остане незабележана.
Таа прво ги загрижи своите бројни обожаватели со повлекувањето од јавноста речиси целосно во последно време, а сега и со својата линија.
Обожавателите на актерката стравуваат дека Џоли повторно се бори со анорексија. Џоли своевремено рече дека се соочувала со опасно нарушување во исхраната уште како тинејџерка.
Подоцна во својата кариера, поради екстремно слабите фази на нејзиниот изглед, таа рече дека станува збор само за губење на апетитот поради стрес или траума, а анорексијата ја отпишала.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм