ВМРО-ДПМНЕ: Нема да признаеме попис кој ќе биде предмет на политички договор

316

Зоран Заев нека избрише од глава дека може да организира талибански попис и дека тоа ќе му помине. Пописот е најголема статистичка операција и податоците кои ќе произлезат од истиот се од витално значење за креирањето на политиките на институциите на среден и долг рок, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

– Пописот не смее да се сведе на паушална работа, која ќе се спроведе со политички договор. Со самиот факт што Заев ја исклучува јавноста и не прифаќа предлози на опозицијата укажува дека тој нема намера да спроведе реален попис. Заев мора да знае дека само попис со терминали со отпечатоци од прсти ќе се утврди реалната состојба, се друго ќе биде штелуван попис – вели ВМРО-ДПМНЕ, која попис по диктат на власт, кој ќе биде предмет на политички договор нема да признае.

Поврзани содржини