Хрватска ја погодија 39 земјотреси во изминатите 49 часа

325

Сеизмолошката служба регистрира земјотреси скоро секоја минута, а имаше најмалку 25 до 30 земјотреси посилни од 3 степени по Рихтер, откако  Хрватска вчера ја погоди силен земјотрес – во 12.19 часот со епицентар на пет километри југозападно од Петриња на длабочина од 11,5 километри.

Јачината на земјотресот била 6,2 според Рихтер, а интензитетот во епицентарот  VIII-IX степени од скалата ЕМС.






Во периодот од 12.23 до 12.58 часот, се случија најголем број на последователни земјотреси, дури 10 – со магнитуди поголеми од 3 степени според Рихтеровата скала.

После тој земјотрес, следеа многу послаби, и сите земјотреси имаа епицентар близу Петриња и околината.

Најмалку седум лица загинаа. Тоа е бројка што е потврдена и не е исклучено подоцна да бидат откриени повеќе жртви, јавија хрватски медиуми.Најмалку шест лица се тешко повредени, а 20 полесно повредени, соопшти МВР на Хрватска.

Во Петриња според извештаи на хрватскимедиуми, нема објект што не е оштетен од земјхотресот.

Градоначалникот Даринко Думбовиќ утрово изјави да не се доаѓа неорганизирано во Петриња.

– Се надевам дека веќе нема луѓе под урнатините…Не носете градежен материјал сега, ќе ни треба за неколку денови – изјави тој за ХРТ.

Градоначалникот на Глина, Стјепан Костањевиќ, денеска изјави дека утрово се тресе тлото во областа Глина, некои куќи се целосно урнати, а згрижени се оние граѓани кои немале покрив над главата.

– Има многу луѓе кои не сакаа да ги напуштат своите куќи и ја поминаа ноќта во автомобили. Ние се погриживме за оние кои немаат покрив над главата, чии куќи беа урнати. Имаме 35-36 населени места погодени од земјотресот и треба да ги посетиме денеска – рече тој.

Тој посочи дека доаѓаат помош од сите страни, и потребни се шатори.

Сеизмолозите на сеизмолошката служба на Република Хрватска утрово во 6.15 часот, 6.26 часот и 6.29 часот забележаа три силни земјотреси со епицентри недалеку од Петриња.

Интензитетот на земјотресите бил 4,7, 4,8 и 3,9 според Рихтер. Земјотресите утрово беа 38-ти и 39-ти што беа почувствувани во Хрватска во изминатите 49 часа.

 

Поврзани содржини