Земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, кој денеска во 12,20 часот ја погоди Петриња во Хрватска, се почувствува и во Италија и предизвика страв низ целата земја.
Италијанскиот весник „Република“ пишува дека земјотресот предизвикал страв, особено во јадранските области, како и дека бил почувствуван сè до Неапол, пренесува Јутарњи лист.
Земјотресот го почувствуваа граѓани од Болзано во италијански Тирол и Тренто, преку Бергамо, Милано, Фиренца, сè до Неапол. Бил почувствуван и во римски Каштели, а повеќето повици до пожарникарите дошле од италијанскиот брег на Јадранот, од Трст до Абруцо.
Освен во Италија и регионот, земјотресот можеше да се почувствува дури и во Германија и Чешка.