Последици од земјотресот во Хрватска: Срушени куќи, искршени автомобили и детска градинка, не се знае дали има мртви

Како што пишуваат хрватските медиуми, во Петриња има многу срушени куќи и сè уште не се знае дали има мртви.

1,060

По силниот земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтеровата скала во Хрватска во 12.20 часот, граѓаните излегоа на улиците, а премиерот Андреј Пленковиќ најави дека веднаш заминува во Петриња, кој е најсилно погоден.

Во Петриње се урнати повеќе куќи, а спасено е едно дете кое било во автомобил кога се урнал објект близу него, јави Индекс. Не е позната судбината на сопственикот на возилото.






Без струја и без телефон

Полицијата ги повика граѓаните доколку се во можност да излезат на отворен простор и да се оддалечат од објектите кои може да се урнат. „Лицата кои се на повисоките катови, нека се засолнат кај потпорен ѕид“, апелира хрватската полиција.

Во делови на Хрватска нема ни електрична енергија и телефонските линии се во прекин.

Епицентарот на земјотресот беше во близина на Петриње, 45 километри југоисточно од Загреб.

Во Загреб е предизвикана материјална штета и голем дел од градот е без струја.
Подоцна беа регистирани уште два големи потреси од околу четири степени по Рихтер. Тоа е втор силен земјотрес што го погоди Загреб во оваа година, првиот се случи на 22 март.
Засега нема извештаи за жртви во земјотресот.

Земјотресот беше почувствуван и во  во Србија и Босна и Херцеговина – се тресеше во Белград и Бања Лука, Сараево, Краина и Зеница.

Градоначалникот на Петриња: Половина град е уништен!

Во својата прва изјава по уште еден силен земјотрес со јачина од околу 6.3 степени, што го погоди Петриња околу 12:20 часот, градоначалникот Даринко Думбовиќ рече дека половина град е уништен и побара итна помош да биде испратена до Петриња.

– Извлекуваме луѓе од автомобилот, не знаеме бидејќи имаме загинати и повредени, слушнав и дека се урна градинката, но за среќа немаше деца во градинката, додека други деца се сапсени од другата градинка. Владее општа паника, луѓето бараат свои под урнатините – додаде тој, повикувајќи секој што може да помогне на Петриња, особено професионалните пожарникари и армијата.

Ви ги пренесуваме дел од насловите од хрватските медиуми што ги објавуваа од минута во минута:

12:51 Полиција: Излезете на отворено, избегнувајте ги објектите

„Ги повикуваме граѓаните да излезат на отворен простор и да ги избегнуваат објектите на кои им се заканува рушење. Луѓето кои живеат на повисоките катови нека се заслонат под носечки ѕид“, објави хрватската полиција.

12:47 Спасено дете во Петриња

12:44 Последици од страшниот земјотрес: Се нишаат куќите и зградите

12:43 Во некои делови во Хрватска нема ни струја ни телефон

12:36 Куќа се сруши врз автомобил

– Успеавме да извлечеме едно дете кое беше во автомобил. Сè се сруши. Сопственикот на куќата е внатре, но нема трага од него – рекол жител на Петриња за Н1.

– Тешко е, слушнав дека и детската градинка се срушила. За среќа, немаше деца внатре. Сè уште не знаеме дали има мртви – изјавил друг жител.

Поврзани содржини