Вакцината на Новавакс нова надеж во битката против коронавирусот

1,100

Откако американскиот произведувач на вакцина, Новавакс го одложи почетокот на доцната фаза на тестирање на експерименталната вакцина против ковид-19 во САД, сега јавува дека тестирањето продолжува.

Претходно Новавакс бил еден од водечките кандидати меѓу компаниите кои произведуваат вакцини против коронавирусот, но тестирањето беше одложено заради доцнење во производствениот процес.






Новавакс веќе спровел тестирање на 15.000 волонтери во Велика Британија, а резултатите планира да ги поднесе со барање за одобрение од Европската регулаторна комисија, пишува на сајтот Sciencemag.org.

Покрај тоа, компанијата најавила и дека својата вакцина ќе ја тестира на новиот вид коронавирус кој побрзо се шири, а кој првпат е забележан во Велика Британија.

 

Поврзани содржини