Актерката објави фотографија со 25 години постариот сопруг и крена прашина! Еден коментар разбесни многумина ФОТО
Актерката Кетрин Зита-Џонс ретко споделува приватни фотографии на својот инстаграм-профил, но сега ги воодушевила обожавателите со селфи на кое позира со 25 години постариот сопруг, холивудската легенда Мајкл Даглас.
Тие позирале во опуштено издание, а Кетрин кратко напишала покрај фотографијата:
„Утро.“
Фотографијата добила над 120.000 лајкови, а фановите не штеделе на комплименти.
„Изгледате навистина среќно“, „Убава“, „Вие сте прекрасна двојка“, „Вие навистина сте еден од најубавите парови“, се само некои од коментарите.
Сепак, еден следбеник го коментирал Мајкл.
„Тој изгледа навистина старо“, се вели во коментарот, но другите следбеници наскоро одговориле.
„Луѓето стареат, барем оние кои имаат среќа да го доживеат тоа“, „Не грижи се, тоа им се случува на сите“, му напишале следбениците.
Инаку, Кетрин и Мајкл неодамна прославија 20 години брак во кој имаат две деца.
View this post on Instagram
ФОТО: ЕПА
ФОТО: Иинстаграм