СЗО го истражува новиот вид коронавирус

Светската здравствена организација вчера соопшти дека откриени се случаи и во Данска, Холандија и Австралија. СЗО е во контакт со официјален Лондон.

263

Земјите низ светот почнуваат вакцинација и дистрибуција на регистрираните вакцини, а неколку во Европа забранија летови и возови од и до Велика Британија откако се појави нов вид коронавирус – варијанта или мутација на ковид-19 на југоистокот од Англија.

Светската здравствена организација вчера соопшти дека откриени се случаи и во Данска, Холандија и Австралија. СЗО е во контакт со официјален Лондон и ќе ја извести јавноста откако ќе бидат направени итни истражувања на карактеристиките и импликациите на новиот вирус.






– Новиот вид на коронавирус, идентификуван во Велика Британија е до 70 проценти позаразен, но не се смета за посмртоносен, па затоа вакцината треба да биде ефикасна – соопшти британскиот премиер Борис Џонсон.

Според британскиот министер за здравство Мет Хенкок, новиот вид коронавирус е „надвор од контрола“, а главниот британски епидемиолог Крис Вити изјави дека може да се прошири побрзо меѓу населението, но засега нема показатели дека предизвикува поголема смртност или влијае на вакцините и начините на лекување.

Бројот на заразени од кови-19 од почетокот на пандемијата во светот достигна 77 милиони. Оздравеле 54 милиони, активни во моментов се 21,3 милиони, а битката со кононавирусот ја загубиле 1,7 милиони луѓе.

Поврзани содржини