Уште еден здравствен работник од Кавадарци е позитивен на ковид-19
Починато е и едно лице од Кавадарци на 68 годишна возраст.
Позитивен е на коронавирус уште еден здравствен работник од Кавадарци, 50 новозаболени во Тиквешко се евидентирани во последните 24 часа, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Починато е и едно лице од Кавадарци на 68 годишна возраст.
Во Кавадарци има 28 нови случаи со ковид-19, а тројца во Росоман, 15 во Неготино, четири во Демир Капија. Сите се на возраст од 5-79 години.