Марија Шарапова се сврши со британскиот милионер, пријател на принцот Вилијам ФОТО

1,433

Поранешната најдобра тенисерка на светот, Марија Шарапова, се сврши со бизнисменот Александер Гилкес.

Среќната двојка ја објави свршувачката на социјалните мрежи, и двајцата ја објавија убавата вест на своите профили на свој начин.






– Реков „да“ првиот ден кога се запознавме… Ова беше наша мала тајна, зарем не?“, напишала руската тенисерка под низата заеднички фотографии.

Александер, инаку пријател и колега од факултетот на принцот Вилијам, напиша под фотографијата на Инстаграм.

„Ти благодарам што ме направи многу среќен маж. Се радувам на животот кој ќе го поминам во љубов со тебе и учејќи од тебе“, напишал милионерот.

Петкратната шампионка на Гренд слем турнир е во врска со британскиот милионер од 2018 година.

Шарапова има 33 години и се повлече од тенисот во 2020 година. Гилкес има 41 година и е основач на „Paddle8“, аукциска компанија со седиште во Њујорк, која се занимава со уметнички дела. Тој е исто така ко-основач на Squared Circles.

 

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Sharapova (@mariasharapova)

FOTO: EPA/Instagram

Поврзани содржини