ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче продаваат демагогија, а не знаат како да го намалат бројот на новозаболени

Од партијата посочуваат дека десетти месец од корона вирусот во Македонија и според статистиката на министерството за здравство 76.251 заразен и 2.225 починати, само во текот на вчерашниот ден 31 починато лице.

294

Во утринското партиско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека премиерот Заев и министерот Филипче не прават ништо друго освен што продаваат демагогија.

– Доста Венко Филипче и Зоран Заев продаваат демагогија, не може граѓаните да ги затвораат, а Костадин Костадинов и Сашко Николов да прават корона забави во рестораните кои работат само за нив – велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Од партијата посочуваат дека десетти месец од корона вирусот во Македонија и според статистиката на министерството за здравство 76.251 заразен и 2.225 починати, само во текот на вчерашниот ден 31 починато лице.

– Филипче и Заев чекаа да поминат изборите во Штип, да ги прекршат и веќе постоечките мерки, какви такви, а дури денес стартуваат некои нови мерки. По ова поигрување или навреди кон граѓаните, што следи, знае ли Филипче воопшто што треба да прави? Но, освен што нема одговори, а очигледно нема и план, од Филипче како да се намали бројот на новозаболени, како да се намали бројот на починати од корона, тој не одговара на многу други прашања зошто нема одговори – се наведува во соопштението на партијата.

Поврзани содржини