Актерската икона Сер Иан Мекелен е дел од првата група за вакцинација против ковид-19, која неодамна беше воведена во Велика Британија за луѓе над 80 години.
Во средата тој се упати во универзитетската болница „Квин Мери“ за да биде вакциниран.
Меккелен рекол дека се чувствува „еуфорично“ откако примил вакцина против коронавирусот.
– Ова е многу посебен ден, се чувствувам еуфорично. Секој што живеел колку и јас, живеел долго бидејќи имал претходни вакцинации, уделот на постарата генерација ќе биде 100 отсто, така и треба да биде, затоа што тоа го правите не само за себе, туку и за луѓето кои ви се блиски – тоа е ваш удел за општеството – рекол британскиот актер кога излегол од болницата.
„Безболно е. И добро е и да се сретнете со вработените во НХС и да им кажете благодарам за тоа колку напорно работат. Не се двоумам да ја препорачам вакцината на сите.“
Sвездата на „Господарот на прстените“ престојуваше во затворен простор поголемиот дел од 2020 година, бидејќи неговата возраст го доведува во поголем ризик од компликации од коронавирусот, а неодамна изјави дека уживал во „мрзлива“ самоизолација.