Затвореници во Идризово меѓусебно се повредиле со остар предмет

Лицата биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за да им се укаже  лекарска помош.

463

Двајца затвореници  во Казнено поправна установа „Идризово“  се повредиле  во меѓусебна расправија, соопшти полицијата.

Инцидентот го пријавил вработен во Идризово.






Расправијата се случила во амбулантата на Казнено поправна установа меѓу Т.И.(40) од Скопје и А.С.(23) од Скопје  кои меѓусебно си нанеле повреди со остар предмет.

Лицата биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за да им се укаже  лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини