Заев: Медиуми без импресум шират лажни вести и омраза

Барам поддршка и помош од новинарските организации да се справиме со злобните обиди на поедините медиуми и поединци - рече премиерот.

939

Засилено, во рамките на НАТО, се работи на безбедноста од сајбер криминалот, но потребна е поддршка од новинарските организации, рече премиерот Зоран Заев на денешната конференција, одговарајќи на новинарско прашање што ќе преземе Владата за спречување на лажните вести и на другите хибридни закани.

– Очекувам поконкретни чекори од новинарските организации кон тaквите обиди на определени медиуми и поединци за создавање на последици по демократијата и стабилноста. Станува збор за одредени медиуми кои немаат ниту импресум, а кои шират лажни вести, шират омраза и дисквалификувааат луѓе. Барам поддршка и помош од новинарските организации да се справиме со злобните обиди на поедините медиуми и поединци – рече премиерот.

Поврзани содржини