Блокади на ВМРО-ДПМНЕ: Заев сака да нè прогласи за дрво без корен

847

ВМРО-ДПМНЕ денеска од 17 часот со мирен протест под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ го блокира Скопје на три локации – пред Владата, пред Министерството за правда и пред Министерството за надворешни работи.

Стефан Андоновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест пред МНР кажа дека никогаш не ни помислувавл дека некогаш ќе се протестира за еднаш изграден идентитет кој е пренесуван со децении






– Гоце Делчев е апостолот на македонското револуционерно дело, никогаш не се борел за големо бугарските интереси за освојување на Македонија и ширење на Бугарија, тој се борел за ослободување на Македониј. Тој е апостолот на македонското движење и најголемиот Македонец и од него не смееме да отстапиме – истакна Андоновски.

Тој во своето обраќање посочи дека Владо Бучковски, Зоран Заев, Бујар ОСмани сакаат да преговараат за работи за кои не се преговара.

– Владата на Зоран Заев влезе во едно неофашистичка игра и во таа игра сака да избрише се што сме да не прогласи за дрво без корен. Владо Бучковски, Зоран Заев и Бујар Османи сакаат да преговараат  за работиме за кои не смеат да се преговара и затоа доста е. Време е за оставка, оставка за срамот, за лагите кои ни ги носеа дека имаме датум за преговори со ЕУ, оставка зошто рекоа дека нема да има декларација или дополнителен договор  со Бугарија, а го донесоа, оставка затоа што преговараа македонскиот јазик да биде со фуснота – потенцира Андоновски.

Тони Михајловски на протестот пред Министерство за правда во организација
на ВМРО-ДПМНЕ под мото „Оставка на Заев, слобода на народот“ порача дека сега е
време сите заедно да се сплотат и да му се спротивстават на предавникот Зоран
Заев.

– Јас сум Македонец, мојата земја е Македонија, јазикот кој го зборувам е
македонски. Ова е еден од најцрните денови кои сме ги живееле, кога ни било
забрането да зборуваме на македонски јазик и да се раѓаме као Македонци. Не ни
веруваме дека човек може да е волку предавник и да му е толку трула душата и да
може да се одроди толку од сопствениот народ. За жал таквиот е роден меѓу нас и
се вика Зоран Заев –  рече Михајловски.

Пратеничката Рашела Мизрахи денеска на протестот под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ од пред министерството за надворешни работи порача на граѓаните дека треба да се спротивстават на Зоран Заев и неговите лоши политики и анационализам. Политиките на Заев водат до губење на идентитет, јазик и историја. Ако тоа се изгуби се губи Македонија.

– Што ли би рекле Илинденците, зарем со нешто заслужија коските да им се превртуваат? И не од поробувачите, туку од оние кои во моментов ја водат државата, која токму Илинденците и Партизаните во Завет ни ја оставија, слободна македонска држава со слободен народен јазик и вековна историја, држава на сите нејзини граѓани – истакна Мизрахи.

Мизрахи додаде дека овој собир не е против ниту една соседна држава, туку е против Заев и неговата екипа кои ги распродаваат националните интереси за кои живот дале македонските херои.

Поврзани содржини