СЗО: Наместо пасош за имунизација, можно е воведување електронски сертификати за вакцинација

658

Светската здравствена организација (СЗО) не препорачува земјите-членки да издаваат „пасоши за имунизација“ на граѓаните кои се опоравиле од ковид-19, но смета дека е можно да се воведат електронски сертификати со кои се потврдува вакцинацијата за патувања во странство, изјави  Сидарта Санкар Дата, експерт од регионалната канцеларија на СЗО за Европа.

– Ние темелно ја истражуваме можноста за користење технологии за одговор на пандемијата на ковид-19. Ова исто така важи и за соработка со земјите-членки на СЗО во врска со спроведувањето на електронски сертификати за вакцинација – рече Дата.






Според Светската здравствена организација, сега низ целиот свет има околу 170 проекти за развој на вакцина против коронавирусот.

Поврзани содржини