Возило влетало во пешачка зона во Трир! Најмалку две лица починаа, а десетина се повредени (ВИДЕО)
Возачот на возилото е приведен од полицијата, но точните околности на инцидентот сè уште се утврдуваат.
Најмалку две лица загинаа, а неколку други се повредени во инцидент во германскиот град Триер, откако автомобил се залетал во пешачка зона.
Властите побараа од јавноста да ја избегнува областа бидејќи се спроведуваат истраги за инцидентот и е воспоставен безбедносен кордон.
– Уапсивме едно лице, едно возило е обезбедено. Две лица починаа, според прелиминарните индикации. Ве молиме, продолжете да го избегнувате централното градско подрачје – порача полицијата на Триер.
BREAKING – Car plows through pedestrians in the German city of Trier, at least 2 dead, 10 injured. The police rammed the car and arrested the driver.pic.twitter.com/oQHM83arwv
— Disclose.tv 🚨 (@disclosetv) December 1, 2020
Возачот на возилото е приведен од полицијата, но точните околности на инцидентот сè уште се утврдуваат.
Германските медиуми јавуваат дека покрај двата смртни случаи, десет лица се здобиле со повреди за време на инцидентот.
Очевидци за весникот Триершер Фолксфрунд изјавија дека темно сив Ренџ Ровер возел со голема брзина и луѓето биле отфрлени во воздух.
Локалниот весник додаде дека центарот на градот бил блокиран, додека хеликоптери кружат над местото на инцидентот.