Сончево и студено наутро, дневната температура до 17 степени

Во Скопје, претпладне со појава на слаба магла, во текот на денот сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус 6, а дневната ќе достигне до 10 степени.

322

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која во текот на денот ќе се зголемува. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од минус 8 до нула, а дневната од 10  до 17 степени.






Во Скопје, претпладне со појава на слаба магла, во текот на денот сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус 6, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во недела ќе биде значително облачно и ќе има локални врнежи од дожд, особено попладне. Под влијание на продор на студена воздушна маса во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали. Во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и студено време, од среда со повремени локални врнежи, кои на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег.

Поврзани содржини