Хали Бери изненади со одговорот на коментарот дека е лоша во кревет

3,477

Актерката Хали Бери одговорила на негативните коментари на Лиза Реј Мекој поврзани за нејзиниот сексуален живот.

Во текот на емисијата „Fox Soul’s Cocktails With Queens“, Мекој и другите водителки Клаудија Џордан, Вивица А. Фокс и Силена Џонсон прво разговарале за тоа дали Тони Брексон е добра во кревет.






– Тони Брексон имала некои добри момчиња – рекла Џордан, имплицирајќи дека мора да е добра во кревет. Мекој тогаш одговорила: „Не знаеме што прави во спалната соба. Би можела да биде како Хали Бери“.

Кога Џордан ја замолила Лиза Реј да појасни дали инсинуирала на тоа дека Хали е лоша во кревет, таа рекла: „Така велат. Сум го прочитала и слушнала тоа“.

На Хали Бери не ѝ требало многу време за да одговори на овие коментари.

„Прашај го мојот човек Ван Хунт, тој ќе ти каже сè што треба да знаеш“, напишала Бери на Твитер со емотикон кој плаче од смеење.

Хунт не се огласил, а Лиза Мекој не одговорила на објавата.

Сексуалниот живот на Хали Бери во последно време е актуелна тема, а неодамна признала дека првиот оргазам го доживеала на 11 години.

 

 

Поврзани содржини