Смртноста е поголема кај мажите, досега починале 5 трудници и 12 здравствени работници
Најзастапена група на заболени се лица на возраст над 60 (n=1.818, 24,3%). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=1.496; 20,0%), 30-39 (n=1.474; 19,7%), 50-59 (n=1.348; 18,0%) и 20-29 (n=978; 13,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=85; 1,6%) и 10-19 години (n=287; 3,8%).
Смртноста од ковид-19 е поголема кај мажите отколку кај жените. Во периодот од 16 до 22 ноември, според податоците објавени на страницата на Институтот за јавно здравје регистрирани биле 1.548 смртни случаи, односно леталитет 2,8%.
Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=1.172) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 305,3/100.000 жители.
Регистрирани се 995 смртни случаи кај лица од машки и 553 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 1.059 (78,3%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=811), дијабет (n=376) и белодробна болест (n=172). Регистрирани се пет смртни случаи кај бремени жени и дванаесет смртни случаи кај здравствени работници.
Осумдесет и седум (5,6%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 1.451 (94,4%) починале за време на хоспитализација.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=36.183; 65,6%), пријавени се 269 (0,7%) случаи кај бремени жени, од кои 54 биле хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 85 биле асимптоматски случаи.
Од истражените случаи (n=36.183; 65,6%), регистрирани се 1.847 (5,2%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Најзастапена група на заболени се лица на возраст над 60 (n=1.818, 24,3%). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=1.496; 20,0%), 30-39 (n=1.474; 19,7%), 50-59 (n=1.348; 18,0%) и 20-29 (n=978; 13,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=85; 1,6%) и 10-19 години (n=287; 3,8%).
Во однос на дистрибуцијата по пол, во наведениот период, пријавени се 3.866 (51,6%) лица од машки и 3.620 (48,4%) од женски пол.