Поповска за изјавата на Заев: Ужас до болка, никој нема мандат за ова!

Неприфатливи се вакви изјави од македонски политичари за сериозни прашања! Во чие име се зборува? Никој нема мандат за ова, напиша поранешниот коалиционен партнер на Зоран Заев, Лилјана Поповска.

811

Поранешната пратеничка и коалиционен партнер на Зоран Заев, Лилјана Поповска од партијата ДОМ, преку статус на Фејсбук пишува дека денешните изјави на премиерот се национално и ментално самоубиство.

„Ужас до болка. Ако на ЕУ ѝ треба вакво национално и ментално самоубиство, тогаш ЕУ каква што ја почитуваме и посакуваме, престанала да постои!? Неприфатливи се вакви изјави од македонски политичари за сериозни прашања! Во чие име се зборува? Никој нема мандат за ова“, напиша Поповска.

Поврзани содржини