СЗО: Ако 95 отсто од луѓето носат маски, ќе нема потреба од карантин
Тој констатира дека стотина милиони луѓе во моментов живеат под карантин, што пак бара економска поддршка за биснисите, а тоа доведува до пореметување во здравствениот систем и предизвикува колатерална штета во смисла на менталното здравје, злоупотребана лековите како и семејно насилство.
Карантинот би можел да се избегне кога сите би ги спроведувале препораките како што е носењето маски, изјави шефот на СЗО за Европа на денешната прес конференција, јавува CNN.
Ханс Клуге потенцира дека карантинот би требало да биде последното прибежиште и ја повика јавноста да ги следи и почитува мерките за да се спречат смртните случаи.
Тој рекол и дека кога 95 отсто од луѓето би носеле маски, наместо 65 отсто колку што сега носат маски, карантинот не би бил потребен. Сепак, тој нагласил дека маските не се единствена заштита и дека треба да се комбинираат со другите мерки.
– Ако сите го спроведеме својот дел, карантинот може да се избегне – вели тој.
Тој констатира дека стотина милиони луѓе во моментов живеат под карантин, што пак бара економска поддршка за биснисите, а тоа доведува до пореметување во здравствениот систем и предизвикува колатерална штета во смисла на менталното здравје, злоупотребана лековите како и семејно насилство.
Клуге говорејќи во Данска предупреди на негативното влијание на пребрзото попуштање на мерките и смета дека со мерките треба да се попушта по малку.