ВМРО-ДПМНЕ: И штедачите тврдат дека Вице Заев не го вратил кредитот во Еуростандард банка, а Рускоска молчи

Опозиционата партија бара реакција од институциите и правда за оштетените штедачи.

689

Оштетени штедачи сведочат дека Вице Заев правел криминал во Еуростандард банка, чекаме Вилма Рускоска да го уапси братот на премиерот по ваквото признание, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението на партијата се наведува дека штедачи на Еуростандард банка потврдиле дека братот на премиерот, Вице Заев преку фирмата „Сара Инжинеринг“ зел кредит од 600.000 евра пред две години и не исплатил ниту една рата.






„Ова се пари на штедачите, кои сега не можат да се наплатат.Штедачите сведочат дека се работи за организиран криминал. Дури 149 фирми или 72,6 отсто од кредитното портфолио на правни лица во банката имале ултра ризични и ненаплатливи кредити во вкупен износ од околу 55 милиони евра.
Дека се работи за организиран криминал кажа и сопственикот на банката, а ЈО се уште молчи.
Се молчи за струмичката врска. 29 струмички фирми, меѓу кои и фирмата на Вице Заев земале кредити без покритие од банката, а врз основа на не враќање се збогатиле за 13 милиони евра.Овие 13 милиони евра се пари на граѓаните на штедачите на Еуростандард банката, кои сега не можат да се наплатат“, стои во соопштението .

Од ВМРО-ДПМНЕ, додаваат дека илјадници граѓани страдаат, на сметка на неколку збогатени бизнисмени од Струмица.

„Нема одговорност ниту за Нина Ангеловска, која ги извади парите од банка непосредно пред да пропадне. А, штедачите, кои не се министри и немаат информации за банкарската состојба останаа без денар.Случајот Еуростандард е втор ТАТ, 200 милиони евра се раскрчмени. Оштетени се илјадници граѓани, а органите на системот молчат и не преземаат ништо, затоа што трагите водат до врвот на власта. Потребна е одговорност веднаш“, наведуваат од партијата во соопштението.

Поврзани содржини