Нови историски факти: Адам и Ева зеле бугарски пасоши да ја напуштат Рајската градина!

Според компјутерските симулации направени на супер компјутерот „Павел Шатев”, кога ќе го достигнеме врвот на еволуцијата, сите ќе изгледаме ко Каракачанов.

2,382
После долги консултации со колегите академици од МАНУ дојдовме до следните заклучоци базирани исклучиво на факти и историски докази:





– Биг бенгот (големият взрив) со кој настанал универзумот се случил кога експлодирала илегална фабрика за полнење плински боци во околината на Варна. Првиот атом на светот се вика Камен и вози камион во Германија;
– Адам и Ева зеле бугарски пасоши да ја напуштат Рајската градина;
– Ја отфрламе Дарвионовата теорија на еволуцијата. Од една страна сите водиме потекло од мајмун, додека јасно се гледа дека Бугарите се совршени од старт што значи дека тие се крајна фаза на еволуцијата. Според компјутерските симулации направени на супер компјутерот “Павел Шатев”, кога ќе го достигнеме врвот на еволуцијата сите ќе изгледаме ко Каракачанов;
– Кога Нил Армстронг стигнал на Месечината, таму го чекал бугарски шверцер на марки и фармерки. Ова е досега необјавен факт од архивите на тајните служби и НАСА дека Бугарите ја посетуваат Месечината уште од 1874-та година со првото свемирско летало на јаглен “Јорданчо” од својот космодром во Стара Загора;
– Кога Колумбо стигнал во Новиот Свет сега познат ко Америка тој стапнал прво во градот New Zagora населен чисто со бугарско население. Тоа што се крие е дека тој од таму донел магнет за фрижидер I ❤ New Zagora;
– Бугарите ги изградиле пирамидите само да го заебаваат човештвото;
– Уште една тајна е дека кога Магелан ја препловил Земјата тој увидел дека е во форма на Бугарија. Затоа е и мртов сега, поради таквото откритие;
– Кинескиот ѕид првовремено не е изграден од Кинези туку од бугарски доселеник во Кина. Ѕидот бил дел од неговата гаража каде што варел ракија;
– Вселенскиот ровер “Кјуриосити” на Марс го поправат втората генерација марсовци од Бугарија Пламен и Радомир во својата работилница.
Ова се историските факти до кои дојдовме со колегите академици од МАНУ. Некому нема да се допаднат, но некогаш вистината е тешка за варење.
(ФБ статус на авторот)
Поврзани содржини