Поранешниот пратеник Зекирија Ибраими: Моја лична одлука беше пеењето на албанската химна, немаше прекршување на Деловникот

Тој во своето сведочење рече дека како заменик-координатор имал право на процедурално обраќање, тоа го направил неколку пати од собраниската говорница. 

2,779

Моја лична одлука беше пеењето на албанската химна, тоа не бeше прекршување на Деловникот, јас како заменик-координатор имав право на процедурално обраќање, рече поранешниот пратеник Зекирија Ибраими кој денеска во Кривичниот суд во Скопје сведочеше за настаните од 27 април 2017 година во македонското Собрание.

Ибраими во судницата раскажа што се случувало тој ден. Како заменик координатор имал средба со тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, на која присуствувала и Радмила Шекеринска. На средбата се договориле седницата на Собранието да продолжи следниот ден, во петок 28 април.






– На седницата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ им забележуваа на пратениците од СДСМ дека соработуваат со партија која не се чуствува добро со државната химна. Кога Крсто Мукоски ја испеа македонската химна јас излегов и ја испеав албанската. Но, тоа беше моја лична одлука – рече сведокот Ибраими.

Тој објасни дека претседателот на Беса, Билал Касами во интервју на една телевизија, неколку дена пред настаните во Собранието изјавил дека Албанците не се чувстуваат добро кога ја слушаат државната химна, а Зекирија кој му ги пишувал говорите, вели дека, всушност Касами требало да каже, дека Албанците не се претставени во химната.

Тој во своето сведочење рече дека како заменик-координатор имал право на процедурално обраќање, тоа го направил неколку пати од собраниската говорница.

Поранешниот пратеник Ибраими беше повикан како сведок на барање на обвинетиот Трајко Вељаноски, поранешниот собраниски претседател.

Во судскиот процес обвинети дека ги организирале настаните од 27 април во македонското Собрание  се и Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски.

 

Поврзани содржини