Да се купат лаптопи за учениците или болнички возила, наместо да украсува Скопје со 200.000 евра
Оттаму сметаат дека на скопјани не им е до славење и новогодишна забава кога, како што велат „работата е најмалку дојдена до забава во време кога илјадници наши граѓани се борат за живот“.
Парите (околу 200 илјади евра) што Град Скопје планира да ги потроши за новогодишно украсување на улиците, булеварите и плоштадите низ градот, да се искористат за купување на лаптоп компјутери за учениците, бараат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму сметаат дека на скопјани не им е до славење и новогодишна забава кога, како што велат „работата е најмалку дојдена до забава во време кога илјадници наши граѓани се борат за живот“.
– На расипничкото и безобѕирно трошење на парите на скопјани треба да се стави крај. Во деновите кога Скопје е најпогоден град од Корона заразата и луѓе умираат секој ден, на Шилегов му дојде до новогодишна забава. Тој распиша тендер за новогодишно украсување на Скопје од цели 200 илјади евра во време кога илјадници ученици не се во можност да ја следат онлајн наставата поради недостиг на компјутерски уреди – наглсуваат од советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија.
Оттаму потсетуваат дека Шилегов можел да ја помине првата година од мандатот без новогодишна прослава поради тоа што воздухот беше загаден, сега бараат не само поради загадениот воздух, туку и поради тоа што Скопје е најпогодениот град во државата од корона кризата.
– Не е време за забава, туку време е да се спасуваат човечки животи. Доколку не ја прифати нашата иницијатива се покренува сомнеж дека Шилегов има некаков бизнис интерес од украсувањето на Скопје. Потсетување, за само неколку години се потрошени половина милион евра за новогодишни прослави – велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Од Здружението за заштита на работничките права (ЗЗРП), пак, предлагаат средствата за новогодишно украсување во Скопје и другите градови да се пренеманет за инвестиции во здравствениот сектор.
– Денес, повеќе од било кога инвестициите во здравството се потребни. Поради тоа бараме и инсистираме градот Скопје и сите други поголеми градови и општини, средствата кои во буџетот ги намениле за новогодишно украсување да ги пренаменат и да ги инвестираат во опрема за јавните здравствени установи. Трошење на средства за новогодишни декорации во услови на пандемија и здравствена криза е непотребно – наглaсуваат од ЗЗРП.
Анализите на ЗЗРП говорат дека со планираните 200 илјади евра може да се набават околу 20 болнички возила кои решаваат сериозен и значаен проблем во здравството.
Според градоначалникот Шилегов, Скопје кон почетокот на декември ќе биди украсен, а дали ќе има новогодишен пречек и дали ќе се одржи манифестација „Винтерленд“, ќе зависи од епидемиолошката слика, односно од состојба со болеста. Лани новогодишното украсување на Скопје чинеше 260.000 евра.