Филипче: Годинава само со најблиските да прославиме, само така ќе си помогнеме едни на други

Тој вели во наредниот период, да се избегне групирање по домовите, а со тоа сите заедно да помогнат побрзо да се излезе од коронакризата.

499

Министерот за здравство Венко Филипче утринава преку социјалната мрежа Фејсбук упати апел до граѓаните за славите и празниците кои се пред нас и да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19.

– Оваа година да ги прославиме празниците и славите само со најблиските. Следниве неколку месеци се најинтензивни во ширењето на ковид-19. Токму поради тоа, потребна е нашата максимална одговорност за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на нашите најблиски – напиша Филипче.






Тој вели во наредниот период, да се избегне групирање по домовите, а со тоа сите заедно да помогнат побрзо да се излезе од коронакризата.

– Сега е потребно да ги почитуваме мерките за заштита, а наредната година ќе прославиме согласно традицијата. Помогнете ни, за сите нас – вели Венко Филипче.

Поврзани содржини