ВМРО-ДПМНЕ: Во Лисиче нивото на канцерогени ПМ10 честички е три пати над дозволеното, Шилегов се слушаме?!
Мерната станица за загаденоста на воздухот во Лисиче моментално покажува присуство на канцерогени ПМ 10 честички три пати над дозволеното. Шилегов се слушаме?! – порачуваат од советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
Во продолжение следува нивното соопштение:
„Што направи Шилегов за скопјани да не дишаат загаден и канцероген воздух?! Ништо! Три години преспа. А сега загаденоста на воздухот е поголема од кога било до сега.
Слична е ситуацијата и во другите делови од градот, а грејната сезона само што почна.
Граѓаните се трујат од октомври, а пред нас се уште пет месеци, време за кое граѓаните ќе дишаат загаден воздух.
Шилегов ништо не направи, а ветуваше многу. Токму од Аеродром каде што вечерва е најзагадено, Шилегов стоеше до Заев додека тој викаше „ајро, ајро“ и ветуваше чист воздух веднаш.
Помина мандатот на Шилегов, му остана уште не цела година, а ништо не е направено. Напротив, воздухот е полош од кога било“.