Филипче: Се случи експлозија на вирусот, капацитетите се полнат, но отвораме нови

Министерот за здравство вели дека поради наплив на пациенти, Клиниката за интерни болести се претвора во Ковид центар.

787

На денешната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче рече буквално има експлозија на вирусот ковид-19, но не само кај нас, туку во Европа, но и целиот свет.

– Според податоци на СЗО, изминатата недела е забележан порас на починати за 46%, во споредба со претходната недела – истакна Филипче.






Министерот вели дека поради наплив на пациенти, Клиниката за интерни болести се претвора во Ковид центар.

– Најголем предизвик се сместувачките капацитети и недостиг на кадар, а така е и кај нас, во моментот имаме активи 12.762 активни заразени, а процентот на оние кои им е потребен болнички третман е 7%, односно хоспитализирани се 890 заразени. Целата зграда на клиниката за интерни болести ќе биде наменета за Ковид пациенти. Целосно исполнети се Инфективната клиника и модуларната болница. Се активираше планот за интерните клиники, поради напливот на пациенти – рече Филипче.

Тој истакна дека лекарите и медицински сестри се целосно спремни, имале координативни состаноци и бројката на медицински лица ќе биде распределана во сите болници и одделенија.

– Дополнителниот број на кревети кој од утре може да биде на располагање е 150 и дополнителни 100-тина на клиниките за оториноларингологија и очни болести. Со капацитет од 100 кревети работи болницата 8-ми септември без пореметување на редовната програма. Голем е притисокот врз службите за брза помош. Направивме координација за сместување на пациентите согласно местата кои сега ќе бидат дополнително на располагање од утре – истакна министерот.

Во овој момент и во следниот период кога ќе почне пополнувањето на овие кревети, потенцира, нема да се наруши нормалното фунционирање на сите овие клиники односно системот „МојТермин“ продолжува да функционира, како и сместувањето пациенти во другите делови на оваа зграда на Интерните клиники.

Поврзани содржини