Лидија Димова, осомничена за злоупотреба на пари од европските фондови, денеска е повикана во Кривичниот суд кој треба да одлучи дали ќе и ја одземе патната исправа.
Ваква мерка на претпазливост на разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми, поради опасност од бегство бара обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Пред судија на претходна постапка денеска ќе седнат уште двајца од четворицата обвинети дека делеле грантови на фризерницата ВЕЗ Трејд.
Димова и нејзините соработници се осомничени за измама, а кривичната пријава ја поденесе финансиската полиција која тврди дека осомничените предизивкале штета од над 400 илјади евра.