ДИЛЕР ГО ОСТАВИЛ ВОЗИЛОТО И ПОБЕГНАЛ – Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.М.(34), од струшкото село Радолишта. Тој, на 19.09.2020 година, на улицата „ЈНА“ во Струга, откако забележал полициски службеници кои вршеле службени дејства, не го сопрел возилото и побегнал кон с.Радолишта. При преглед на возилото кое го оставил во селото, полициски службеници пронашле марихуана.
ХАКЕР УКРАЛ 6.000 ДЕНАРИ ОД ОХРИЃАНЕЦ – СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.(36) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Тој, на 24.02.2020 година, бесправно навлегол во компјутерските податоци на кредитната картичка, сопственост на А.А. од Охрид и извршил шест трансакции, со кои се стекнал со противправна имотна корист од околу 6.000 денари.
СКОПЈАНЕЦ НАПАДНАТ ПРЕД МАРКЕТ – На 01.11.2020 во 11.00 часот во СВР Скопје, Д.Н.(42) од Скопје пријавил дека пред маркет на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од А.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
УДРИЛ ВО СТОЛБ, ВОЗИЛОТО СЕ ЗАПАИЛО И ПОЧИНАЛ НА ЛИЦЕ МЕСТО – На 01.11.2020 во Полициска станица Валандово било пријавено дека околу 05.10 часот, на магистрален пат А1 во близина с.Марвинци, на место викано ,,Надвозник“, патничко возило „југо корал 45“, со велешки регистарски ознаки, сопственост на Г.П.(70) од Гевгелија, а управувано од непознато лице, удрило во бетонски столб од надвозник, при што од ударот настанал пожар во возилото, кое целосно изгорело, а возачот починал на местото. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Валандово, а од лекар била констатирана смрт кај возачот. Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Валандово, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
ГО ТЕПАЛЕ СО ДРВЕНИ И МЕТАЛНИ ПРЕДМЕТИ – На 01.11.2020 во 03.40 часот во СВР Скопје, Д.В.(37) од Охрид пријавил дека околу 03.00 часот во с.Трубарево бил физички нападнат со дрвени и метални предмети од три лица, по што едно од лицата физички го нападнало и А.С.(69) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
МУ ПУКАЛЕ ВО ВОЗИЛОТО ВО ДВИЖЕЊЕ – На 01.11.2020 во 19.38 часот во Полициската станица Крушево, А.М.(30) од с.Зајас пријавил дека, додека управувал патничко возило „фолкваген туарег“, со кичевски регистарски ознаки, во с.Сажево бил пресретнат од А.Ј и С.Ј. од истото село, кои со оружје пукале во неговото возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ИСЧЕЗНАЛ ШТИТЕНИК – На 01.11.2020 во 08.15 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека од Јавната установа за згрижување на деца со воспитни и социјални проблеми се оддалечил нивниот штитеник Б.С.(18) од Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
НАПАДНАТИ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА – На 01.11.2020 во 20.46 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Ѓорче Петров двајца малолетници од Скопје биле физички нападнати од неколку лица, од кои едното имало остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
КАКО НА ФИЛМ, ГО ЗАПРЕЛЕ СО ВОЗИЛО И ГО НАТЕПАЛЕ – На 01.11.2020 во 21.00 часот во Полициската станица Чаир, А.Н.(42) од Скопје пријавил дека околу 19.45 часот, додека управувал патничко возило, на подрачјето на Бутел бил запрен од друго возило од кое излегле три лица и физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.