Приведен 28-годишен маж во Чаир по распишана потерница

340

Полициски службеници денеска приведоа едно лице од Чаир по распишана потерница, соопшти МВР.

„Во 14 часот денеска полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка- Отсек за потрага на територија на Чаир го приведоа А. З. (28) по распишана потерница во врска со чл.418 и чл.273 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија“, наведуваат од МВР.






Оттаму посочуваат дека лицето е спроведено во полициска станица за натамошна постапка.

Поврзани содржини