Многу силен земјотрес ги раздрма Грција и Турција, во Измир урнати згради ВИДЕО

Епицентарот е во близина на турското крајбрежје, но земјотресот беше почувствуван речиси во сите делови на Грција.

1,241

Силен земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Геодинамикиот институт на грчката Национална опсерваторија епицентарот на земјотресот бил на 19 километри северозападно од грчкиот остров Самос.






Епицентарот е во близина на турското крајбрежје, но земјотресот беше почувствуван речиси во сите делови на Грција.

Земјотресот стресе и дел од Турција на Егејското море, пишуваат грчките медиуми.

Потресот се случил 17 километри во морето западно од провинцијата Измир во Турција.

Засега нема информации за жртви, но BBC пишува дека во турскиот град Измир се оштетени згради.

Поврзани содржини