„Нокаут“ го промовираа спотот за макфестовската „Сакам да живеам“, најавија документарец и нов албум
Иако во моментов живееме во еден исклучително тежок период на социјална дистанца, намалени контакти, финансиска криза, „Нокаут“ се реши да внесе малку свежина во етерот. Денеска тие го промовираа спотот за имакфестовската победничка тема „ Сакам да живеам“.
– Режијата е на Јован Куциноски, со кој го рабоетвме и видеото на „Позитивно“. Спотот е снимен на локации во Маврово и во Охрид. Се надеваме дека успеваме на најдобар можен начин да ги пренесеме емоциите кои ги носи самата песна – изјави Никола Перевски – Пере на денешната промоција.
Бендот го најави и документарниот филм со работен наслов „ Би се викал Нокаут“ во режија на нивниот драг пријател Владимир Митревски Ѓуле.
– Тој заедно со неговата екипа последниве неколку месеци не следи секаде каде што одиме и лови интересни моменти од нашите настапи, проби, дружби. Во него ќе бидат вклучени и песните од новиот албум , кои се снимени во живо , само за потребите на документарецот.Ветуваме необичен видео документ со многу необична приказна – откри Перевски.
Новиот, четврти студиски албум на „Нокаут“, е во завршна фаза. Дел од песните кои ќе се најдат на изданието се веќе објавени. А дел од нив се комплетно нови. Неговата промоција се планира за почетокот на следната година. На промоцијата беше претставено и новото ребрендирано лого, кое ќе биде белег на следни проекти бендот. Дизајнот на логото го направи Андреј Марјановиќ.