Пешев: Ние сме на 20 место по бројот на умрени во светот, а политичарите се луксузираа и отвораа кафани

1,495

Бизнисменот Антони Пешев во емисијата 24 анализа зборуваше за економската и здравствената криза предизвикана од коронавирусот и рече дека Македонија има висока стапка на смртност, а тоа покажува дека здравствениот систем не одговорил онака како што се очекувало и дека мерките не биле доволни.

– Нашата комисија не измислува топла вода во болјер, туку ги копираат светските. Цело време народот се потсмева на социјалните мрежи дека фаќала по 23 часот. Таа мерка е врзана со неможноста да се контролира ситуацијата во кафаните и баровите. Видовме дека кога се отворија, не се почитуваше ништо. Видовме луѓе качени на маса со музика и видни политичари кои си дозволија луксуз да отвораат кафани, кога не треба да се отвораат – рече Пешев.






Тој посочи дека изборите не донеле олеснување на функционирањето на парламентот и носењето одлуки.

– Македонија има висок број на починати на милион жители, многу блиску до сите највисоките позиционирани држави. Ние сме на 20 место по бројот на умрени на еден милион жител во светот во овој момент и тоа значи дека нашиот здравствен систем не одговорил како што очекувавме. Втората работа е дека не биле мерките кои ги имавме на почетокот доволни, затоа што си дозволивме луксуз да ги пресече со еден период на прилично комотно однесување. Она што го правеше техничката влада и ова што го прави сегашната влада не се разликува многу, освен тоа што оваа влада има повеќе врзани раце, него таа претходната. Сега гледаме дека изборите не донеле олеснување на функционирањето на парламентот и не донеле олеснување на одлуките – истакна Пешев.

Поврзани содржини