Трамп: Добив Нобелова награда, сепак не! ВИДЕО

680

Американскиот претседател Доналд Трамп направил лапсус на предизборниот собир во Њу Хемпшир кога рекол дека добил Нобелова награда за мир.

Тој рекол дека наградата ја добил поради својте меѓународни дипло,атски способности и учество во преговорите помеѓу Белград и Приштина, но набрзо се поправи и рекол дека мислел на номинацијата за таа награда.






Тој рекол дека добил уште една награда за „нешто друго’, како и дека требало да ја добие поради својата работа во Сирија, пренесува Индепендент.

– Србија и Косово, па потпишавме договор, па поради тоа ми доделија награда, ми дадоа Нобелова награда за нешто друго, требаше да ми дадат Нобелова награда за тоа што го направив во Сирија – изјавил Трамп.

Но, набрзо се поправил и рекол дека станува збор за номинација за Нобелова награда.

– Кога велам Нобелова награда, мислам на номинација – изјавил Трамп.

Овогодинешниот добитник на Нобеловата награда за мир е Светската програма за храна на Обединетите нации поради придонесот во борбата против гладта.

Поврзани содржини