Почина велешки свештеник од ковид-19

540

Во велешката болница утринава во 8.30 часот починал вториот свештеник кој бешезаболен од ковид-19.

Тој беше на возраст од 58 години. Бил примен во велешката болница пред четири дена на инфективно одделение. За цело време на престојот на инфективното одделение поради ниска сатурација бил на  кислородна поддршка. Изутринава поради акутно влошување на состојбата со кардиореспираторно попуштање починал. Со ова бројката на починати во Велес и велешко достигна 24.

Поврзани содржини