Мурињо: Не постои „синдромот на Тотенхем“
Менаџерот на Тотенхем додаде дека левиот бек Дани Роуз повеќе не е дел од неговите планови, иако англискиот репрезентативец е сè уште дел од тимот.
Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо ги отфрли шпекулациите дека тимот страда од синдром, што го спречува клубот да победува на натпревари и трофеи многу години, иако редовно е близу до нив. Во саботата, Тотенхем прокоцка предност од 3:0 против Вест Хем во последните 10 минути од натпреварот, но Мурињо рече дека неговите играчи не ги преживуваат сериозно изгубените два бода.
– Минатото не ми е важно. Треба само да научиме да чуваме подобро во статички ситуации. Верувам дека ако одиграме уште 50 натпревари на кои ќе поведеме со 3:0 во 80-тата минута, нема да изгубиме ниту еден од нив. Не мислам дека постои такво нешто како синдромот на Тотенхем и немам намера повеќе се занимавам со тоа – изјави Португалецот пред првиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа против австриски ЛАСК Линц.
Менаџерот на Тотенхем додаде дека левиот бек Дани Роуз повеќе не е дел од неговите планови, иако англискиот репрезентативец е сè уште дел од тимот.
– Дани имаше голема желба да си замине уште во јануари минатата година. Тој сакаше да замине некаде да игра. Сепак, пазарот го прават не само играчите, туку и нивните агенти. Мора да го прашате неговиот агент зошто не најде решение и не најде друг тим за него – објасни Мурињо.
За мечот со ЛАСК, Тотенхем ќе биде без дефанзивците Ерик Даер и Џафет Танганга.