Словачка ќе ги тестира за ковид-19 сите постари од 10 години

Тестирањето ќе биде организирано слично како и изборите, односно во земјата ќе има околу 6.000 пункта за тестирање.

553

Словачка планира на коронавирусот да ги тестира сите граѓани постари од 10 години, објави денеска на прес конференција словачкиот премиер Игор Матовиќ, јавува агенцијата ТАСР, пренесува хрватси Индекс.

Нејасно е дали таквото национално тестирање ќе биде обврзувачко или доброволно. Децата помлади од 10 години нема да бидат тестирани, изјавил Матовиќ и појаснил дека така е одлучено по препорака на педијатрите.






Тестирањето би требало да биде спроведено во текот на следните два викенда. Програмата ќе почне во жариштата на епидемијата идниот викенд, а ќе продолжи на 31 октомври и 1 ноември, известува ТАСР.

Во операцијата ќе помогне полицијата и војската за да не се преоптоварат здравствените работници. Словачка има околу 5,5 милиони жители.

Тестирањето ќе биде организирано слично како и изборите, односно во земјата ќе има околу 6.000 пункта за тестирање.

Времето за тестирање на граѓаните ќе им биде одредено според азбучен ред за да се спречи групирање пред пунктовите за вакцинација, изјавил премиерот и додал дека тестирањето ќе биде бесплатно.

Владата за тестирањето нарачала околу 13 милиони антигенски тестови и резултатите би требало да бидат брзи.

– Ако успееме во тоа, би можеле да бидеме пример за цел свет – изјавил премиерот.

Словачка бележи рекордни бројки на новозаразени, денеска имаше 1.968 нови случаи, според податоците на словачкото министерство за здравство.

Поврзани содржини