Мицкоски за спорот со Бугарија: Захариева побарала од Османи да се потпише договор сличен на Преспанскиот

Да го прашаме Бујар Османи дали Бугарите барале да се потпише нов договор сличен на Преспанскиот со уставни измени каде што ќе се дефинира постоењето на македонската нација и јазик од 1945 година па наваму, додека, пак, пред 1945 година ние сме биле нешто друго, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во „Само интервју“.

1,110

Треба да го прашате министерот за надворешни работи Бујар Османи дали е точно дека барањето од неговата колешка од Бугарија, Екатерина Захариева, било да се потпише нов договор помеѓу Македонија и Бугарија, кој практично ќе биде многу сличен на Преспанскиот договор. Ова го истакна лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното гостување во „Само интервју“ на Канал 5.

– Да го прашаме Бујар Османи дали Захариева барала да се потпише нов договор сличен на Преспанскиот договор со уставни измени каде што ќе се дефинира постоењето на македонската нација и јазик од 1945 година па наваму, додека, пак, пред 1945 година ние сме биле нешто друго. Еве да го прашаме Бујар дали ова е точно и дали токму тие барања се услов за понатамошно продолжување на преговорите со ЕУ – рече Мицкоски.

Поврзани содржини