Премиерот на Полска оди во карантин
Дознав дека сум бил во контакт со личност која има позитивен тест за ковид-19. Во согласност со санитарните правила, јас сум во карантин - напиша Моравјецки.
Премиерот на Полска Матеуш Моравјецки соопшти дека ќе биде во самоизолација и се префрла на работа од далечина, откако е утврдено дека бил во контакт со лице заразено со новиот коронавирус,
– Дознав дека сум бил во контакт со личност која има позитивен тест за ковид-19. Во согласност со санитарните правила, јас сум во карантин – напиша Моравјецки на Фејсбук.
– Останувам во контакт со моите соработници, владата работи нормално – додаде тој, повикувајќи ги Полјаците да ги следат санитарните правила, да носат маски и да одржуваат физичка дистанца.
Во последните 24 часа во Полска се утврдени 5.068 нови заразени и 63 смртни случаи, со што вкупно во земјата се инфицирани 135.278, односно 3.101 пациенти починале од Ковид-19.