Димова: Магарињата не се толку смешни, Тортевски се занимаваше со нив зaшто му скративме пари

7,654

Директорката на Национал,ната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова вели дека поминала низ тродневна голгота, откако во јавноста излезе аферата со делење европски пари за проекти, а според неа пишувањата се поседица на тоа што таа во јуни месец објавила сторија за злоупотреба на европски средства од 2.2 милиони евра.

– И од овде започна целата голгота, а ова е случај од лани кој е пријавен уредно во Брисел и за ова прашањата треба да ги поставите кај јавниот обвинiтел – изјави Димова.






Во врска со реакциите дека биле доделени грантови за обука, како што објави адвокатот Александар Тортевски за „тренирање хрватско магаре и хрватски липицанер“, за кој училиште во земјава добило 83.000 евра, Димова рече:

– Не се магарињата толку смешни како што сакаше да се направи приказна во јавноста, и тоа не беше случајно. Таа небулоза произлезе од господинот Тортевски, кој се забавуваше со темата магариња, а господинот Тортевски има тужба против европската агенција бидејќи му скративме срeдства за проект и тоа не беше толку случајно – изјави Димова на денешната пресконференција..

Во врска со ВМРО-ДПМНЕ кои бараат моја оставка, додаде Димова, морам да ги разочарам и да кажам дека оставка нема да дадам се додека не откријам како се проневерени 2,2 милиони евра.

 

Поврзани содржини