Николас Кејџ вози „порше“ низ Дубровник (ФОТО)
Во хрватскиот дел од снимањето вклучени се 412 филмски соработници, од кои предвидено е 97 да бидат хрватски државјани, а ќе има и околу 300 хрватски статисти.
Филмот „The Unbearable Weight of Massive Talent“ во којшто главната улога ја играат Николас Кејџ и Педро Паскал, веќе неколку денови се снима во Дубровник, Хрватска.
Вчера било особено возбудливо во текот на снимањето на сцената во која што Николас Кејџ вози порше низ дубровничките улици.
Со него во автомобилот бил и Педро Паскал.
Инаку, филмот е во режија на Том Гормикан, а продуцент е Лионсгејт и ќе се снима во Дубровник околу еден месец.
Во хрватскиот дел од снимањето вклучени се 412 филмски соработници, од кои предвидено е 97 да бидат хрватски државјани, а ќе има и околу 300 хрватски статисти.