Влегол во полициската станица во Карпош и ги истепал полицајците

43,646

ВРАТЕН ВО ЗАТВОР – На 06.10.2020 околу 23.00 часот на улица „Јово Стефаноски Риле“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Р.М.(41) од Струга, за издржување казна затвор од девет месеци. Тој бил приведен и спроведен во Казнено поправната установа во Струга.

ДИВА ГРАДБА – СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Д.(45) од Кочани и правно лице од Зрновци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, на катарстарска парцела во охридското село Косел, како сопственик-управител на правното лице и инвеститор на градбата, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, изградил бетонски објект со темели, столбови и плоча. По извршен инспекциски надзор од страна на Градежна инспекција при Општина Охрид, донесено е Решение за отстранување на градбата.






ТУРЧИН ПРЕТЕПАЛ ШТИПЈАНЕЦ – На 06.10.2020 полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Ц.К.(21) од Р.Турција, со привремен престој во Штип, затоа што околу 15.00 часот физички го нападнал А.П.(45) во неговиот дом во Штип, нанесувајќи му тешки телесни повреди. За настанот бил известен Јавен обвинител, а Ц.К. бил приведен и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИСТЕПАН ПОЛИЦАЕЦ – На 06.10.2020 во 16.45 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициска станица Пробиштип го лишиле од слобода М.Н.(45) од Пробиштип, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил приведен, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СЕ СТЕПАЛ СО ПОЛИЦИЈАТА – На 06.10.2020 околу 13.15 часот во Полициската станица Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода И.И.(62) од Скопје, кој при влез во станицата физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, бидејќи не му било дозволено да влезе без заштитна маска на лицето. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

НАПАДНАТА МАЛОЛЕТНИЧКА – На 06.10.2020 во 16.50 часот во СВР Скопје, Е.Ј.(49) од Скопје пријавила дека околу 13.30 часот, пред угостителски објект на подрачјето на Центар, нејзината 17-годишна ќерка била физички нападната од С.З.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ЛЕТАЛЕ ТУПАНИЦИ, ПИШТОЛИ – На 06.10.2020 во 21.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.Ф.(40) од Скопје пријавил дека околу 20.00 часот на ул.„Кемал Сејфула“ бил физички нападнат од М.Е. и Р. Е., при што Р.Е. извадил пиштол, но не го вперил во него. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

КРИВИЧНА ЗА ПРИВАТНА ФИРМА – СВР Струмица поднесе четири кривични пријави против приватна фирма од Струмица и З.Х.(36) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 22.08, 29.08., 06.09. и 12.09.2020 пријавените постапиле спротивно на протоколот за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти за исхрана, односно на повеќе стоечки маси немало средства за дезинфекција, а околу масите биле присутни повеќе лица од дозволеното. Исто така, во објектот имало организирано и музички настапи без да биде обезбедно потребното растојание помеѓу гостите и естрадните уметници.

ИСЧЕЗНАТ СКОПЈАНЕЦ – На 06.10.2020 околу 12.00 часот во СВР Скопје, Ш.М.(52) пријавил дека од дома се оддалечил неговиот син Р.Ф.(19). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

КРИВИЧНИ ВО СТРУМИЦА – СВР Струмица поднесе две кривични пријави против две правни лица од Струмица, против А.Р.(25) од Струмица и Н.М.(30) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 22.08. и 29.08.2020, пријавените постапиле спротивно на протоколот за отварање и работа на кафетерии и угостителски објекти за исхрана, односно на повеќе стоечки маси немало средства за дезинфекција и околу нив биле присутни повеќе лица од дозволеното. Исто така, во објектот имало организирано и музички настапи без да биде обезбедно потребното растојание помеѓу гостите и естрадните уметници.

КУЧЕТО КАСА – На 06.10.2020 во 18.45 часот во СВР Скопје, Н.А.(38) од Скопје пријавил дека на ул.„23 Октомври“ бил каснат од куче скитник.

ПАДНАЛ И ПОЧИНАЛ – На 07.10.2020 во 00.47 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека на 06.10.2020 околу 22.00 часот, на Н.Ш.(48) од Струга, додека бил со познаник во стан на подрачјето на Центар, му се слошило и починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

КУЧЕ ИСКАСАЛО ЖЕНА – На 06.10.2020 во 17.00 часот во СВР Скопје, Е.Д.(58) од Скопје пријавила дека на ул.„Боривое Милошевски“ била касната од куче скитник.

ИСЧЕЗНАТО ДЕВОЈЧЕ – На 06.10.2020 во 12.00 часот во СВР Скопје, Ф.М.(69) пријавил дека од дома се оддалечила неговата внука В.М.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

(ИЗВАДОК ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ЗА 07.10.2020)

Поврзани содржини