Костов: Пациентот насилно ја отворил вратата и побегнал од болницата

Точно е дека во текот на вчерашниот ден пациентот, кој е бездомно лице, бил немирен, шетал по ходникот, па поради тоа неколку пати бил опоменуван од персоналот да се смири - вели директорот на ГОБ „8 Септември“ за Плусинфо.

681

По објавата на веста дека лице заболено со ковид-19 во текот на вчерашниот ден избегало од ГОБ „8 Септември“, директорот на болницата, Кристијан Костов за Плусинфо ја потврди информацијата и потенцираше дека станува за бездомно лице, кое насилно успеало да ја напушти болница.

– Точно е дека во текот на вчерашниот ден пациентот, кој е бездомно лице, бил немирен, шетал по ходникот, па поради тоа неколку пати бил опоменуван од персоналот да се смири. Сепак, некаде околку 21 часот тој насилно успеал да ја отвори вратата од одделението и незабележан од никого самоволно да ја напуштил болница. Дежурниот персонал веднаш го повикал обезбедувањето, а исто така било пријавено и во полиција. Болниот во многу краток временски рок бил пронајден во близина на болницата и бил вратен – вели Костов.






Тој додава дека пациентот со возило на Брза помош во влошена здравствена состојба бил донесен и примен на први октомври во болницата. Поради тоа што станува збор за бездомно лице веднаш било стапено во контакт со социјалните служнби со цел да му се обезбедат потребните документи за идентификација, како и за здравствено осигрување.

– Откако беа обезбедени сите документи, врз пациентот се напревени иследувања и контроли, потоа бил направен и ПЦР тест кој бил позитивен, откако била направена и рентген снимка е констатирана ковид-пневмонија. Пациентот бил сместен во болницата со останатите заболени од коронавирусот, при што бил поставен на соодветна терапија која се користи при лечење на лица заболени со ковид-19 – додаде директорот Костов.

Поврзани содржини