Tројца повредени при судар на трактор и „мерцедес“

326

Три лица се повредени во сообраќајка, која се случи синоќа околу 18.30 часот, на влезот во селото Муртино на регионалниот пат од ова село кон селото Робово.

Настанот го потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која информираше дека во незгодата учествувале трактор и автомобил „мерцедес“ со струмички регистарски таблички.






Повредени се возачот и сопатник од тракторот и возачот на автомобилот, кои се пренесени на лекување во струмичката болница.

Извршен е увид на местото за утврдување на причините за несреќата.

Поврзани содржини