Во Африка се појавува ново море! Тектонските промени ќе предизвикаат отцепување на дел од континентот (ФОТО+ВИДЕО)
Местото каде Африка навистина „пука“ е многу поголемо и може да се види дури и од вселената. Од Мозамбик на југоисток до Црвено Море на север, има депресија со ширина од 100 километри.
Пред две години, пукнатина длабока 20 и ширина 15 метри ги подели автопатот и куќите во Кенија. Првично, ова се припишуваше на обилните врнежи од дожд во регионот, но тие не може да бидат единствената причина. Одговорни се многу посилни сили, длабоко под површината на Земјата. Африка се дели на два дела.
Пукнатината е видлива од вселената
Местото каде Африка навистина „пука“ е многу поголемо и може да се види дури и од вселената. Од Мозамбик на југоисток до Црвено Море на север, има депресија со ширина од 100 километри, една од нејзините гранки западно од езерото Викторија, каде се одделува огромен дел од континентот. Сомалиската тектонска плоча, на која лежи источна Африка, постепено се одвојува од остатокот на копното, па еден ден ќе се формира нов континент, кој ќе одвои ново море од Африка.
Пукнатината во Африка расте
Раздвојувањето на плочите започна пред 20 милиони години и оттогаш ровот постојано се зголемува.
– Африка е на пат кон поделба, пукнатината е веќе таму – вели Саша Стаубах, геолог од универзитетот Гете во Франкфурт.
Според него, на некои места во Етиопија, ровот е веќе под нивото на морето, и еден ден водата ќе го пополни јазот меѓу континентот. Тој верува дека ова ќе се случи во „блиска иднина“, со тоа што „блиската иднина во геологијата значи неколку милиони години“.
Афарска депресија: Температури над 50 степени Целзиусови
Прво најверојатно ќе биде поплавен Афарската депресија, низина на Црвеното Море, на горниот крај на ровот. Тука, не само Источна Африка е одделена од остатокот на континентот, туку и африканската и арапската плоча, ги придвижуваат огромни сили.
Афарската депресија е една од најтоплите области во светот, со температури кои достигнуваат над 50 Целзиусови степени. Вулканската карпа создава бизарни предели, кратери во кои врие лава и топла вода извира од земјата. Постојат зелени острови, обвиени со кора од сол.

Земјата често трепери
Номадите кои живеат во регионот велат дека земјата често трепери. Одеднаш земјата се отвора и камили и кози исчезнуваат во пукнатините. Вулканската активност и земјотресите се несакани ефекти од движењето на тектонските плочи. Во Афарската депресија, земјата станува потенка поради влијанието на силите од сите страни.
– Земјината кора се растегнува – објаснува геологот Стаубах. Ова доведува до нејзино пропаѓање. Веќе, овој регион се наоѓа на најниската точка во Африка, 155 метри под нивото на морето и е исполнет со солено езеро. Ако продолжи спуштањето на ровот, еден ден тој ќе биде исполнет со вода од Црвеното Море.