Сомнеж за бебе со ковид-19 на Гинекологија, се чека резултатот од вториот тест

Додека се чека резултатот од вториот тест, бебето е изолирано во посебна просторија, како и мајката која имала хроничен хепатитис Б и била породена во изолација.

319

Бебе било позитивно на првиот тест на коронавирус, а во меѓувреме се чекаат резултатите од вториот тест откако мајката била тестирана негативна денеска на Клиниката за гинекологија, дознава Плусинфо. Бебето е изолирано во посебна просторија, како и мајката која имала хроничен хепатитис Б и била породена во изолација.

Ниту мајката ниту новороденчето немаат симптоми на ковид-19. Првиот тест на мајката бил двојбен, односно позитивен само на еден антиген а не на двата, а вториот тест ѝ бил негативен. На Клиниката за гинекологија го чекаат резултатот од вториот тест на бебето за да одлучат дали ќе пуштат дома или ќе бидат на лекување во болница.

Поврзани содржини